Но дали некогаш сте помислиле како е да се живее во радиоактивната зона Чернобил која денес е целосно напуштена.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2019 22:07

Видео кое ќе ве стаписа: Погледнете што оваа храбра девојка прави во Чернобил

Фото/Текст извор: ©magazin.mk фото: А1 он

По серијата Чернобил  која за кратко време го зазема врвот и е најгледана серија во моментот, почнаа да се откриваат низа вистини.

Поради таинственоста на властите во тогашниот Советски Сојуз, податоците за несреќата и последиците по животната околина и по здравјето на луѓето долго време не биле достапни. Извештајот подготвен од Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација заклучува дека 56 лица загинале во самата несреќа, и проценува дека уште 9.000 други починале од рак директно предизвикан од радијацијата. Властите првобитно се обиделе да го сокријат инцидентот, но го признале дури откако зголемени нивоа на радиоактивно зрачење биле регистрирани и во Шведска.

Не само што филмот е базиран на вистинска приказна, дури и открива многу детали кои многумина и не ги знаеле а во јавноста воопшто не се зборувало за нив. Но дали некогаш сте помислиле како е да се живее во радиоактивната зона Чернобил која денес е целосно напуштена.

Но иако многумина стравуваат дека само по една посета ќе станат радиоактивни, и тоа ќе им предизвика низа проблеми во огранизмот се чини дека не е така. Дали можеби живееме во заблуда цело ова време? На ова прашање може да одговори само оваа девојка.

Имено станува збор за девојка која го посетува Чернобил од 2012 година. Таа воопшто не се плаши од приказните кои кружат и очигледно смета дека се невистинити бидејќи го посетува толку често ова место што не носи ниту заштитна маска, допира се со голи раце, па дури јаде и радиоактивни јаболка.

Чернобилската несреќа всушност се смета за најголема несреќа во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на седми степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани.

На 26 април 1986 во 01:23:40 часот (22:23:40 по UTC) во нуклеарната централа во Чернобил, Украина дошло до експлозија. По првата, дошло до ланец од неколку експлозии и пожари кои создале радиоактивен облак во атмосферата кој потоа се раширил над широк географски регион. Радиоактивниот облак бил 30-40 пати поголем од оној што настанал над Хирошима.

Многумина ќе се запрашаат дали сето ова време сме живееле во лага? Погледнете го видеото…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.