Хрватската претседателка не престанува да е хит во светот по специфичниот начин на "народно" однесување

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 август, 2018 11:23

ВИДЕО: Колинда им запеа на хрватските војници во Авганистан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ е во Авганистан, во посета на хрватските војници кои учествуваат во мисиите на НАТО, а снимката на која ја пее „Под брајде“, песна што ја изведува хрватскиот пејач Рајко Сухољчанин.

Песната која во превод значи „Под налетот на бурата“ е дел од културата на Хрватското Загорје и нема собир и прослава каде што таа не се пее.

Ова е трет пат кога Колинда Грабар Китаровиќ да престојува во Авганистан како претседател и да ги посети хрватските војници распоредени во Авганистан.

Инаку, склоноста на хрватската претседателка да пее не е ништо ново.

Таа претходно изјавила дека честопати приватно ги потпевнува песните на Марко Перковиќ Томпсон, а ги пееше и на Светското првество во Русија, на кое Хрватска го исвои второто место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.