Лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати и како како Фриги (област Фригија), постои голема сродност со главнината на само стотината познати старомакедонски голоси

Објавил: Македонка Димкин | 12 јуни, 2018 15:02

(Видео) Македонците се етнички супстрат од негрчките и индоевропски народи,

Фото/Текст извор: ©ancientmacedonia.com

Македонците се етнички супстрат од негрчките и индоевропски народи, чиј етнички состав го сочинувале некои среднобалкански народи и племиња, меѓу кои се вбројуваат: Бригите (Фригите), Енетите (Венетите), Пајонците, Пелагонците и други. Дел од Бригите потиснати со дорските миграции по Тројанската војна се отселува во Мала Азијa. Лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати и како како Фриги (област Фригија), постои голема сродност со главнината на само стотината познати старомакедонски голоси (скромни останки од протогениот македонски јазик).

Ова мислење го застапува и проф. Нада Проева и дава аргументи за тврдењето дека Македонците немаат дорско потекло, како што тврди на неколку места во својата историја, грчкиот антички писател Херодот. Како што вели Џ.Р.Елис, така и грчкиот професор и археолог Фотис Пецас тврди дека Македонците уште пред да дојдат на просторот на Македонија, го имале своето име Македонци и тие на оваа територија која дотогаш имала друго име и го дале своето народно име. Конкретно проф. Пецас пишува: „Македонија го зеде името од Македонците.

До 700 год. пред Христа, Македонците биле ограничени западно од планината Каракамен (Вермион) или јужно од Халиакамби. Големото море меѓу планините беше уште непознато за Македонците. Некаде околу 700 год. п.н.е ги запоседнаа источните падини на Вермион, како што учиме по Херодот. Ова големо поле меѓу Бистрица (Халиакум) уште не беше и не се викаше Македонија. Македонците се проширија до Вардар (Аксиос) малку подоцна како што учиме од Тукидид. Филип ја донесе Македонија до реката Места (Нестос) во 348 год п.н.е..”.

„Она што нѐ интересира денес” — продолжува проф. Пецас е „дека Македонците ѝ го дадоа своето име на Македонија и ја проширија од планината Пинд и Олимп до места на исток и до Црна Река (Еригон) на север. Така, Македонците го дадоа името на својата земја. Името Македонци беше најпрвин народно, а потоа стана историографски поим Македонија”.

Античките Македонци живееле во јужната област на тогашна Македонија уште од архаичното време. Првата македонска држава се јавува во VIII или раниот VII век п.н.е. под водството на династијата Аргеади, кога Македонците мигрирале таму од позападните краишта. Првиот крал за кој има документација е Пердика I. Во времето на кралот Александар I Македонската територија почнала да се шири во Еордаја, Ботиаја, Пиерија, Мигдонија и Алмопија. Близу денешниот град Воден, Пердика I (или поверојатно неговиот син Аргеј I) ја соградил првата престолнина Ајга(Кутлеш).

За време на кралот Филип II, (359–336 п.н.е.) Македонија се проширила на територијата на пајонците, тракијците и илирите. Ова ги придодало кон кралството битолската и гевгелиската област (во параметри на денешна Македонија). Синот на Филип, Александар Македонски (336–323 п.н.е.) за релативно краток период успеал да ја наметне македонската власт не само врз Грција, туку и врз персиското царство, вклучувајќи го и Египет, блискиот, далекиот исток и Индија. Александар ги прифатил политичките системи на освоените земји. Иако царството се распаднало накратко по неговата смрт, неговите освојувања оставиле траен печат во регионите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.