Во фабричка зграда во Илиноис

Објавил: Узунов Бобан | 16 февруари, 2019 9:50

(видео) Масакр во Илионис, убиени најмалку 5 лица има и повредени полицајци

Фото/Текст извор: ©магазин

Најмалку пет лица се убиени, а уште пет полицајци се ранети синоќа кога напаѓач отвори оган во фабричка зграда во градот Аурора во американската сојузна држава Илиноис, соопшти шефицата на полицијата на тој град, Кристен Зиман.

Напаѓачот исто така е убиен, додаде таа, а пренесува АП.

Зиман рече дека напаѓачот, кој е идентификуван како Гери Мартин (45), бил вработен во фабриката, додава Ројтерс.

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп е известен за настанот и дека ја следи состојбата додека се подготвува да отпатува за викенд во Палм Бич на Флорида.

Американските медиуми претходно јавија дека е во тек пукотница во подрачјето во кое се наоѓа зградата на компанијата Хенри Прат.

Во претходните извештаи на медиумите се наведува дека на лице место е локалната полиција, лекарски екипи и тимови на специјалната единица СВАТ и дека во зградата се застрелани шест лица.

Официјални лица од округот Кендал во Илиноис за инцидентот известија во 14:35 часот по локално време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести