Пред влегувањето застанала да се поздрави со воениот бенд. Канцеларката на прес конференција рекла дека се чувствува добро.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 јуни, 2019 19:08

ВИДЕО: Меркел ја фати паника и се тресеше на пречекот на Зеленски!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска Германската канцеларка, Ангела Меркел, не се чувствуваше баш најдобро и се тресеше додека го дочекуваше украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Германската канцеларка Ангела Меркел стоеше и се тресеше покрај украинскиот претседател Владимир Зеленски, додека воен бенд ги свиреше химните на Германија и Украина.

Како што наведува “AP”, по завршувањето на химната, Меркел делувала подобро, а потоа брзо минала по црвениот тепих со Зеленски и влегла во зградата во која се наоѓа нејзината канцеларија.

“Оттогаш испив барем три чаши вода, кои очигледно ми беа потребени и сега сум многу добро”, рекла Меркел.

Во 1977, Ангела Каснер се омажила за студентот по физика Улрих Меркел и го зела неговото презиме. Бракот завршил со развод во 1982. Нејзиниот втор и денешен сопруг е квантен хемичар и професор Јоахим Зауер, кој во голема мерка останал надвор од медиумите. Прв пат се сретнале во 1981, подоцна станала двојка и се венчале на приватна церемонија на 30 декември 1998. Таа нема деца, но Зауер има два возрасни сина од претходниот брак. Меркел е позната по несакањето кучиња.

Еден час по состанокот со претседателот Зеленски, на заедничка прес конференција рекла дека разговарале за билатерални прашања и за мировниот договор од Минск.

Ангела Доротеа Меркел е германска политичарка и поранешен научник, која е канцелар на Германија од 2005 и лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) од 2000. Таа е прва жена која е избрана на таа функција.
Образувана во насоката физичка хемија, Меркел влегла во политиката во бранот на револуциите од 1989, кратко служејќи како гласноговорник за источногерманската влада.

По повторното обединување во 1990, била избрана во Бундестагот за изборниот округ Штралзунд-Северна Западна Померанија-Риген во покраината Мекленбург-Западна Померанија, која и денес претставува нејзина изборна единица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести