Невреме на целиот Балкан

Објавил: Узунов Бобан | 11 јули, 2019 7:27

(видео) Невреме на Халкидики однесе 6 животи

Фото/Текст извор: ©магазин

Најмалку шест луѓе ги загубија животите во големото невреме проследено со дожд, град и со силен ветер, што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики, според грчките медиуми.

Меѓу загинатите се Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се срушил покрив во таверна во местото Неа Плагија, двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа. 

Десетици лица се повредени, од кои четири се во критична состојба, а се трага по уште неколкумина исчезнати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.