Овој тажен настан допре до сите медиуми во светот, а катедралата се најде на многу насловни страници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 април, 2019 11:33

ВИДЕО: Нострадамус го предвидел пожарот на Нотр Дам точно до минута, еве што друго предвидел по оваа несреќа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голем пожар ја зафати вчера катедралата Нотр Дам во Париз, која е седиште на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓa“ (Богородица или Дева Марија).

Овој тажен настан допре до сите медиуми во светот, а катедралата се најде на многу насловни страници. Големиот пожар на катедралата Нотр Дам се ширише со голема брзина, а се урна централната купола, но за среќа 500 пожарникари успеаја да го стават под контрола пожарот кој ненадејно избувнал во катедралата.

Интересно е тоа што според одредени толкувања, уште пред повеќе од 500 години, Нострадамус го предвидел во своите записи овој катастрофален пожар, на 15 април 2019 година.

Францускиот пророк е автор на една од најпознатите книги за пророштва. Во своите предвидувања, тој успеал да предвиди некои од клучните моменти во историјата на човештвото. Таков е примерот со 11 септември и рушењето на Кулите близначки и доаѓањето на Хитлер на власт во Германија.

Наводно, од неговите стихови, јасно е дека Франција и Италија (земјата во која се наоѓа Ватикан) ќе бидат најмногу емотивно погодени а овој настан, според наводите и толкувањата на наведената поезија, е вовед во “враќањето на злото што доаѓа по долги векови”.

Пророштвото оживува од различни астролошки траги што укажуваат на 15 април 2019 година. Еден од најчестите зборови со кои се служел  Нострадамус е “емоции”, и тоа се совпаѓа со она што претседателот Емануел Макрон го напиша на својот профил на Твитер, кога опишал  што се случи:

“Нотр Дам е во пламен. Католиците, сите Французи и сите граѓани, тажни сме поради тоа што гори дел од нас “

Како што пренесоа светските медиуми, првична причина за пожарот се лошите градежни изведби при реставрацијата на катедралата.

Инаку најпознатиот пророк на сите времиња, Французинот Нострадамос за годинава 2019 година, предвиде војна во Европа.

Според неговите предвидувања годинава ќе биде запаметена и по страшните и разорни поплави, а Северна Америка ќе биде подрачје на големи земјотреси. На Блискиот Исток се очекува раст на тероризмот и религискиот екстремизам. Нострадамус предвидел дека во 2019 годината светските лидери ќе се обединат во борбата против климатските промени, а научниците ќе измислат лек кој ќе ни овозможи да живееме 200 години.

Но сепак многу научници, експерти, теоретичари на заговор сметаат дека ваквите предвидувања треба да се земат со резерва, затоа што некои од предвидувањата кои ги напишал Нострадамус во неговите книги, како што е крајот на светот, предвидел дека ќе се случи во 1999 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.