Секако беа најавени засилени безбедносни мерки, а на официјалната страна www.papa.mk беше и објавено какви предмети не смеат да носат граѓаните кои добиле билет за да ја проследат мисата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 мај, 2019 16:07

ВИДЕО: Паштети, кечап и мајонез,шминки- погледнете што се носеа граѓаните на мисата на плоштадот „Македонија“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска по посетата на Вилата Водно, и Спомен куќата на Мајка Тереза, Папата Франциск се упати кон плоштадот Македонија. Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, отслужи миса на која присуствуваа околу 15.000 граѓани од земјава, како и верници од странство.

Секако беа најавени засилени безбедносни мерки, а на официјалната страна www.papa.mk беше и објавено какви предмети не смеат да носат граѓаните кои добиле билет за да ја проследат мисата.

Граѓаните беа принудени да остават многу од своите лични предмети пред влезот на плоштадот.

Но и покрај тоа имаше такви кои беа принудени да остават многу од своите лични предмети пред влезот на плоштадот.

Новинската Агенција МИА, објави видео на кое може да се забележи што се носеле граѓаните во своите чанти.

И покрај апелите на надлежните на миса да не се доаѓа со чадори, запалки, храна и слично, многумина не ги послушаа. На видеото може да се видат шишиња од кечап и мајонез, метални парички, чадори, шминки, сокови, паштети, пенкала и разни други предмети кои граѓаните беа принудени да ги остават пред главните влезови на плоштадот во Скопје.

Полицијата како што и претходно беше најавено, беше ригорозна за време на мисата, и поради тоа ги одзеде сите забранети предмети. Полицијата за цело време додека траеше мисата се придржуваше кон правилата кои неколку дена претходно беа соопштувани на јавните гласила дека токму тие предмети се забранети при влезот во малиот ринг на плоштадот.

На излезот, од посебно обележаните реони, по завршувањето на мисата, граѓаните имаа можност да си ги земат оставените предмети, кои за нивно големо изнанадување сите беа оставени покрај излезот.
Во продолжение погледнете со што сѐ дојдоа граѓаните на миса:

Извор: МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.