вторник, 23 април 2024

MK/ EN/ DE



Инаку тој додаде дека ќе му биде непријатно кога тој ќе поминува со својата делегација ќе бара што помалку безбедносни протоколи за да не го попречува сообраќајот и да создава поголем метеж.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 мај, 2019 10:55

ВИДЕО: Пендаровски се сели во Вила Водно бидејќи не сака да им пречи на соседите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новоизбраниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, во разговор во емисијата „360 Степени“ на телевизија Алсат изјави дека ќе живее во претседателската резиденција на Водно затоа што не сакал неговото обезбедување да им пречи на соседите.

Пендаровски во интервјуто вели дека секој од коалиционите партнери сака да каже дека неговиот влог бил поголем, па лицитираат со бројки кои се апсолутно нереални. 

Останувам на тоа и сега најголемата забуна настана околу местото каде што ќе се живее. Јас би сакал малкумина тоа го знаат и јас не го знаев, горе резиденцијата е само работен дел, претседателот спие во таа стара резиденција, погоре што е малку на Водно. Тука може да се направи некаква редукција, меѓутоа луѓето од безбедносните служби велат дека ќе биде проблем да останам да живеам кај што сум сега, а да одам на работа во новата резиденција. Јас живеам во зграда кај што има 19 станови само во тој влез, и уште два влеза плус  и веројатно нивниот секојдневен режим на живеење ќе трпи, заради тоа што треба да има некакви мерки на заштита кон мене и кон моето семејство, како што вели законот, и мислам дека комплетно ќе одам на Водно и со живеење и со работни простории. Инаку, во делот на останатите активности ќе се потрудам, и тоа ќе го видите веќе од првиот ден, здравје Боже, кога ќе поминува претседателот по улиците, да не се забележува дека поминува. Значи нема да биде блокиран целиот сообраќај или целиот град да страда да чека во било какви временски услови, додека помине таа колона со рото-светла итн.

Инаку тој додаде дека ќе му биде непријатно кога тој ќе поминува со својата делегација ќе бара што помалку безбедносни протоколи за да не го попречува сообраќајот и да создава поголем метеж.
Пендаровкси се пресели во Вилата Водно во неделата откако се поздравија со поранешниот претседател кој десет години ја вршеше претседателската функција Ѓорѓе Иванов.

Целото видео може да го погледнете на 360 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.