Турција во трка со воени авиони

Објавил: Узунов Бобан | 20 јуни, 2019 15:43

(видео) Погледнете го новиот турски борбен авион кој ќе биде најдобар во Европа !

Фото/Текст извор: ©магазин

Паралелно со преговорите на Турција и Америка за купување на американскиот борбен авион Ф-35 и притисоците на Вашингтон Анкара да се откаже од купувањето на руските противвоздушни системи С-400, турската компанија Аероспејс индастрис (ТАИ) го претстави својот најнов ловец од петтата генерација – ТФ-Икс.

Главното турско биро за проектирање авиони го прикажа одговорот на Анкара на евентуалното губење на Ф-35, авионот кој Турција се надеваше дека ќе го купи од Соединетите Американски Држави. Вашингтон неодамна го суспендираше договорот поради приговорите на купувањето на ракетните противвоздушни системи С-400 од Русија.

На аеродромот Ле Бурже во Париз беше прикажан борбениот авион со два мотори, вертикална опашка под агол која личи на Ф-35, со тесен труп но со широк распон на крилата. 

Мојата компанија всушност го изработува централниот дел на трупот за Ф-35“, кажа претседателот и извршен директор на компанијата ТАИ Темел Котил. ТАИ беше секундарен снабдувач на американската компанија Нортроп Груман, која ги изработува повеќето од деловите за Ф-35, јавува Дифенс њуз.

„Во смисла на производството, ТАИ е во состојба да го изгради овој борбен авион. Нашиот авион е макета, но во 2023 година ќе биде вистинска машина, а првиот лет е планиран за 2025 година“, кажа Котил.

Од компанијата Аероспејс тврдат дека ТФ-Икс ќе биде „најдобриот борбен авион во Европа“, и дека ќе може да ја носи „метеор“, ракета воздух-воздух со долг дострел која ја развива европскиот произведувач МБДА.

Претставничката на Пентагон на која ѝ беше поставено прашањето дали ТФ-Икс претставува најава дека Турција се откажува од купувањето на американскиот Ф-35 одби да коментира, изразувајќи надеж дека Анкара ќе се откаже од купувањето на С-400.

Американскиот одбранбен сектор стравува дека, доколку Турција истовремено ги користи и Ф-35 и С-400, на американските противници би можела да им ги открие слабостите на Ф-35. Анкара најави дека, доколку биде исфрлена од програмата на американскиот авион од петтата генерација, би можела да се заинтересира за други авиони, како рускиот сухој Су-57 и кинескиот ловец ФЦ-31.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести