Верувале или не, на дното во шумата се упте стои лажицата која најверојатно му припаѓала на некој багер кој бил користен во големото чистење на радиоактивните материјали во Чернобил. Токму таа како што велат експертите е толку радиоактивна што само еден допир може да ве убие.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јули, 2019 18:33

ВИДЕО: Погледнете го овој смртоносен објект во Чернобил чија доза на радијација е 10,000,000 микросиверти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се уште не стивнуваат реакциите на гледачите на најпопуларната хит серија Чернобил, која повторно го актуелизира местото каде се случи најголемата нуклеарна катастрофа во светот.

Поради таинственоста на властите во тогашниот Советски Сојуз, податоците за несреќата и последиците по животната околина и по здравјето на луѓето долго време не биле достапни. Извештајот подготвен од Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација заклучува дека 56 лица загинале во самата несреќа, и проценува дека уште 9.000 други починале од рак директно предизвикан од радијацијата.Властите првобитно се обиделе да го сокријат инцидентот, но го признале дури откако зголемени нивоа на радиоактивно зрачење биле регистрирани и во Шведска.

Верувале или не, на дното во шумата се упте стои лажицата која најверојатно му припаѓала на некој багер кој бил користен во големото чистење на радиоактивните материјали во Чернобил. Токму таа како што велат експертите е толку радиоактивна што само еден допир може да ве убие. 

Роб Максвел, истражувач и експерт за радијација во 2011 година ја пронашол лажицата, при обиколка во Украина.

Во 1986 година, кога и се случи најголемата катастрофа во Чернобил, багерот отстранувал делови од многу радиоактивни материи кои после експлозијата биле расфрлани насекаде.

Ова е најопасниот објек во целото подрачје на таканаречената забранета зона.

„Може да биде смртоносна. И денес постојат голем број работи кои на долги стази може да ве убијат, но оваа „канџа“ дефинитивно е најопасна, бидејќи може лесно да ѝ се пријаде. Водичот цело време велеше: „Не допирајте, не допирајте!“, објаснува Максвел.

Тој дури и ставил рака во внатрешноста за да го измери нивото на радијацата.

„Дали бев згрижен, секако! Не беше лесно затоа што бројачот полуде, но при едно броење измери 39.80 микросиверти по час“, рекол тој.

Смртоносната доза радијација е некаде околу 10,000,000 микросиверти.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.