Ова е убилеен 30-ти по ред, планинарски марш кој од Битола води до „Димев Врв“ на планината Баба што се наоѓа на неколку метри под врвот Пелистер

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 мај, 2019 11:32

ВИДЕО: Погледнете како изгледаше искачувањето на првиот Македонец Мурато на Еверест

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утринава во чест на првиот македонец кој што го освои Монт Еврест, битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато, планинари од државата и странство, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“-Битола, утрово учествуваа на традиционалниот планинарскиот марш.

Димитар Илиевски-Мурато е роден на 29 септември 1953 година во Битола, а загинува на 10 мај 1989 година на Хималаите на симнување од врвот Пелистер. Илиевски постхумно е одликуван во 2008 година со претседателскиот Медал за заслуги за Македонија.

Ова е убилеен 30-ти по ред, планинарски марш кој од Битола води до „Димев Врв“ на планината Баба што се наоѓа на неколку метри под врвот Пелистер, годинава учествуваат членови на македонските планинарски клубови, гости од странство и претставници на дипломатскиот кор.

-Според востановената традиција, на местото „Димев Врв“ денес околу 13 часот, еден планинар ќе потсети на алпинистичките успеси на Мурато, а учесниците ќе положат цвеќе на спомен бистата на Димитар Илиевски-Мурато што се наоѓа кај планинарскиот дом „Копанки“, најавија организаторите на јубилејниот планинарски марш.

Како што е предвидено во програмата, учесниците од првата група ќе се движат од Големо Езеро, преку Мало Езеро, Партизански Врв и Широко Стапало ќе стигнат до врвот Пелистер, а втората група планинари која ќе се движи од Палиснопје и Ловечка Куќа ќе стигне до врвот Пелистер.

Инаку овој јубилеен планинарскиот марш е организиран во чест на Димитар Илиевски-Мурато кој е првиот македоноец кој на 10 мај 1989 година се искачи и го освои највисокиот планински врв на Хималаите, но за жал, тој загина на враќање.

Како изгледаше тоа на врвот погледнете го видеото:

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.