Заев во изјавата за медиумите ја изрази важноста на спортот и физичките активности за секоја држава.

Објавил: admin@magazin | 6 април, 2019 16:36

(видео) Погледнете како премиерот Заев игра кошарка и фудбал заедно со министерката Царовска!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска во градскиот парк во Струмица се обележа 6 април, денот кој Обединетите нации го прогласија за Меѓународен ден на спортот за развој и мир и по тој повод премиерот на Република Македонија Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска заиграа фудбал во Струмица.

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, министерката Царовска и директорот Каевски во опуштена атмосфера учествуваа во повеќе спортски игри и заедно со младите спортисти се вклучија во играњето ракомет, одбојка, фудбал и други интерактивни игри, соопшти Владата.

Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, кои денеска, заедно со млади, членови на неколку спортски клубови, здруженија и ученици од повеќе училишта, во Градскиот парк во Струмица го одбележаа 6-ти април, денот кој Обединетите нации го прогласија за Меѓународен ден на спортот за развој и мир.

Заев во изјавата за медиумите ја изрази важноста на спортот и физичките активности за секоја држава.

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, министерката Царовска и директорот Каевски во опуштена атмосфера учествуваа во повеќе спортски игри и заедно со младите спортисти се вклучија во играњето ракомет, одбојка, фудбал и други интерактивни игри, соопшти Владата.

,,Затоа, ги промовираме и поддржуваме политиките со кои ќе се зголеми бројот на граѓани, од сите возрасти, социјални групи и средини, кои секојдневно го применуваат спортот и спортско-рекреативните активности. Приоритет ставаме на создавањето квалитетен систем на спорт во училиштата. Нашата цел е да го зголемиме процентот на граѓани кои спортуваат од сегашните два процента од населението на 20 проценти, кои ќе бидат опфатени во спортот за сите“, рече премиерот Заев.

Тој рече дека ги поддржале сите активности на лицата со попречености, сé со цел нивна дополнителна интеграција во спортот и секојдневието”, велејќи дека бројните успеси и медали освоени на специјалните олимписки игри и на другите меѓународни натпревари за лица со посебни потреби покажуваат дека сето тоа носи резултати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести