Имено Морина кој по потерница од Србија од македонските власти требаше да биде испорачан во Белград, но ваквата одлука не беше прифатена па доцна, синоќа беше дочекан во својот дом во родното Ѓаково како херој, пишува приштински „Газета Експрес“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 август, 2019 13:11

ВИДЕО: Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина со тапани пречекан вo Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Томор Морина,поранешниот припадник на ОВК, беше уапсен на граничниот премин Блаце на 24 јули при влез од Косово во Македонија вчера беше дочекан во своето родно Ѓаково.

Имено Морина кој по потерница од Србија од македонските власти требаше да биде испорачан во Белград, но ваквата одлука не беше прифатена па доцна, синоќа беше дочекан во својот дом во родното Ѓаково како херој, пишува приштински „Газета Експрес“.

Ккао што пренесе весникот Морина по излегувањето од скопскиот затвор во Шутка го пречекале претставници на амбасадата на Косово во Скопје, членови на семејството и пријатели со музика.

Претставниците на политичките партии во Приштина го поздравија ослободувањето на Морина.

За потсетување, Томор Морина беше уапсен на граничниот премин Блаце на 24 јули при влез од Косово во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести