Приватните превозници во Градот Скопје ги послушаа, како што велат, сугестиите на премиерот Димитар Ковачевски и попладнево почнуваат со повлекување на автобусите кои беа паркирани на булеварот „Илинден“. Илинденска во моментов ја ослободуваат и ќе чекаат покана од премиерот за средба на која би присуствувале и претставници на Градот Скопје, но и на ЈСП.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 декември, 2022 16:55

(ВИДЕО) Приватните превозници го послушаа премиерот: Ги тргаат автобусите од Илинденска и чекаат покана за средба

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Во името на „Слобода превоз“, „Макекспрес“ и сите превозници сакам да му се заблагодарам на премиерот Ковачевски кој се одважи и со последната изјава на некој начин се вклучи во решавање на овој проблем, рече денеска Ленин Јовановски најавувајќи дека приватните автобуси попладнево ќе ги повлечат автобусите со кои ја блокираат Илинденска!

Приватните превозници во Градот Скопје ги послушаа, како што велат, сугестиите на премиерот Димитар Ковачевски и попладнево почнуваат со повлекување на автобусите кои беа паркирани на булеварот „Илинден“. Илинденска во моментов ја ослободуваат и ќе чекаат покана од премиерот за средба на која би присуствувале и претставници на Градот Скопје, но и на ЈСП.

„Денеска после овој прес сите автобуси кои се на улицата ќе се повлечат за да му се даде простор на дијалогот кој го предлага и за нас е основа за средба на која како што и самиот премиер Ковачевски спомена, ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целата оваа состојба од која и нему и на пошироката јавност после тие средби, ќе бидат пренесени во изворна форма на јавноста. Се прифаќа идејата ние како претставници на приватните превозници кои располагаме со таа документација, да ја презентираме на таа средба, прифаќаме и инсистираме и ние да на таа средба има претставници и до Град Скопје, но и од ЈСП каде пред него ќе ги соочиме аргументите со кои располагаат сите три страни“, рече Ленин Јовановски од здружението на приватни превозници „Слобода превоз“.

Како што најави, тие како приватни превозници ќе изготват ново барање во контекст на она што го кажал Ковачевски и ќе ги исполнат сите негови сугестии.

„Ќе ги исполниме сите негови сугестии и ќе очекуваме да бидеме повикани на средба. Во името на ’Слобода превоз‘, ’Макекспрес‘ и сите превозници сакам да му се заблагодарам на премиерот Ковачевски кој се одважи и со последната изјава на некој начин се вклучи во решавање на овој проблем и сметам дека од неговата позиција на премиер има големи можности да помогне во надминување на овој проблем“,рече Јовановски.

Прес-конференцијата на Јовановски следува откако денеска Ковачевски им порача дека одбива да одржува состаноци под уцени и под притисоци и им постави услови доколку сакаат да се сретнат со него, од кои првиот беше да ги ослободат улиците за да може граѓаните да се движат слободно.

Јовановски, пак, денеска рече не станувало збор за никакви притисоци и закани туку протестот го сметале како единствен начин преку кој превозниците можеле да ги истакнат проблемите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...