Александра е една од најпопуларните млади пејачки во Србија, а на само неколку месеци по породувањето таа се врати на српската естрада.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јуни, 2019 16:02

ВИДЕО: Пријовиќ во црн проѕирен покажа како изгледа по породувањето- ќе бидете изненадени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата и атрактивна пејачка Александра Пријовиќ која стана уште попопуларна откако стана снаа на Лепа Брена ужива во мајчинството.

Пријовиќ на вчерашниот настап на „Ѕвездите на Гранд“

Александра е една од најпопуларните млади пејачки во Србија, а на само неколку месеци по породувањето таа се врати на српската естрада.

Иако фановите не очекуваа дека таа толку брзо откако на свет го донесе својот син Александар ќе успее да започне со снимање на нови песни и видео записи сепак таа реши да ги изненади.

Најпрво шејачката и ја посвети на фановите песната „Непоновљиво“ со која успеа да ја освои публиката, а сега веќе подготви и ново изненадување –со синглот „Богата сиротиња“.

Атрактивната Александра вчеравечер се појави во  финалето на „Ѕвездите на Гранд“ каде премиерно ја изведе оваа песна. Таа предивика возбуда ај публиката со својот изглед облечена во провокативна комбинација. Александра се појави во целосен црн прозирен фустан во кој ја истакна витката линија.

 

Секако многумина беа изненадени од нејзината фигура по породувањето, а со нејзиниот стајлинг ја заскокотка љубопитноста кај гледачите. Пријовиќ успеа да покаже дека за кратко време се вратила во нормала.

Инаку Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ станаа родители во март годинава.

Пејачката се породи со синот Александар, со царски рез, а бебето имало 2.800 грама.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.