Овој град е 14 по големина во Европската Унија. Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката В’лтава, во централниот регион, кој е административен центар, но како посебна област е дел од неа. Во Прага се наоѓаат голем дел од државните институции и голем број други организации и компании. Во Прага се наоѓаат претседателот, владата, централната власт и ограните на Врховниот суд. Покрај тоа, во Прага се лоцирани голем број на други канцеларии и е централно место на единиците на локалната самоуправа. Исто така во неа се наоѓа седиштето на повеќето политички партии, седиштето на речиси сите цркви, верси и други здруженија на национално ниво во Чешка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 февруари, 2020 14:52

ВИДЕО: Прошетајте низ колоритната Прага- градот кој е срцето на Европа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Прага е  главен и најголем град на Чешката Република кој уште се нарекува златниот град на Чешка. Оние кои го посетиле еднаш овој град со сигурност би посакале повторно да тргнат во обиколка на градот кој изобилува со убавини од кои буквално ќе ви застане здивот.

Овој град е 14 по големина во Европската Унија. Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката В’лтава, во централниот регион, кој е административен центар, но како посебна област е дел од неа. Во Прага се наоѓаат голем дел од државните институции и голем број други организации и компании. Во Прага се наоѓаат претседателот, владата, централната власт и ограните на Врховниот суд. Покрај тоа, во Прага се лоцирани голем број на други канцеларии и е централно место на единиците на локалната самоуправа. Исто така во неа се наоѓа седиштето на повеќето политички партии, седиштето на речиси сите цркви, верси и други здруженија на национално ниво во Чешка.

Овој град е 14 по големина во Европската Унија. Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката В’лтава, во централниот регион, кој е административен центар, но како посебна област е дел од неа.

Доколку решите да ја посетите Прага, задолжително одете на крстарење на реката В’лтава, која ги поврзува стариот и новиот дел на градот.

За овој град има неколку различни имиња: Може да го слушнете како градот на 100 кули, Златна Прага, Магичната Прага, Срцето на Европа итн.

Прага е на шестото место на листата најпосетувани европски градови. Она што сигурно го знаете е дека Прага е светскиот главен град на пивото. При посетата на овој град, огромниот број туристи уживаат во чешкото пиво, а секој жител на Чешка пие по 163 литри пиво годишно.

Овој град буквално е магичен. Со шетањето по историските улици за момент ќе се почувствувате како да живеете во бајка. Толку убава, разнолика, полна со колоритни градби, едноставно убавица на Европа.

Историскиот центар на градот со уникатна панорама на Прашкиот замок (Прашки град), најголемиот замочен комплекс во светот, кој е наследство од УНЕСКО. Историскиот центар на градот како и многуте атракции го прават привлечен градот за многу туристи. Од земијите на целиот свет во 2007 година, Прага ја посетиле 4 009 000 туристи, што го прави еден од најпосетените градови во Европа. Во 2006 година се наоѓа на 8 ранг од најпосетените градови во Европа. Потоа во 2007 година на 7 место. И во истата година се наоѓа на 19 ранг на најпосетени градови во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.