Оваа видео реконструкција била направена вр основа на официјалните белешки од полицијата, изјавите на сведоците и разговорот со контролата на летање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 февруари, 2020 19:47

Видео снимка која покажува како падна хеликоптерот на Коби Брајант

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во јавноста се појави видео реконструкција на падот на приватниот хеликоптер на кошаркарската ѕвезда која трагично го загуби животот со уште 8 други лица.

Оваа видео реконструкција била направена вр основа на официјалните белешки од полицијата, изјавите на сведоците и разговорот со контролата на летање.

Легендарниот кошаркар Коби Брајант животот го загуби заедно со својата 13 годишна ќерка и седум други лица во страшна хеликоптерска несреќа утрото на 26- ти јануари.

Не е откриен никаков дефект на хеликоптерот со кој загина Брајант на 26 ти јануари.

Хеликоптерот на Коби бил од типот, Сикорски С-76Б, направен во 1991 година и во медиумите беше објавено дека немал црна кутија. Хеликоптерот се срушил во местото Калабас, во Калифорнија.

Денеска националната агенција за безбедност во сообраќајот (НТСБ) објави прелиминарни резултати од истрагата на остатоците од урнатиот хеликоптер во кој загина Коби, неговата 13 годишна ќерка Џиана и уште седум други лица, и најави дека конечниот извештај за трагедијата ќе биде познат за една година.

Инаку вчера беше објавено и кога ќе биде погребан Брајант и останатите осум загинати во хеликоптерската несреќа.

Комеморацијата и погребот се закажани на 24-ти февруари во Лос Анџелес.

Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извори блиски на семејството на Брајант, комеморацијата ќе се одржи во „Стејплс Центар“ во кој кошаркарската ѕвезда цели две децении играше во дресот на „езерџиите“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.