На снимката може да се забележи дека папата ја трга раката кога верниците го бакнуваат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 март, 2019 19:08

Видео со папата стана вирален хит: Му здосади да му ја бакнуваат раката, па погледнете што направи

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денеска социјалните мрежи беа преплавени со видео од папата Франциско, кое стана вирален хит.

Инаку на снимката може да се забележи дека папата ја трга раката во еден момент, додека група на луѓе се поклонуваат за да го бакнат неговиот прстен.Видеото било направено за време на престојот на папата во Италија, во католичкото светилиште во Лорето. Секако имаше бурни реакции од страна на неговите критичари.

Франциско, роден како Хорхе Марио Бергољо
е поглавар на Римокатоличката црква и папа од 13 март 2013 година. Во редот на исусовците се приклучил во 1969 година. Франциск е 266. папа на Римокатоличката црква.

Неговите поддржувачи пак велат дека папата се грижи луѓето да влезет во комуникација со него, а не да го третираат како свет реликт.

Од Ватикан велат дека  и претходниците на папата Франциско, Бенедикт и Јован Павле Втори не сакале да им ги бакнуваат рацете.

Инаку папата на 7 мај ќе дојде во посета на Македонија, а ќе се задржи само 10 часа. Церемонијата ќе се одржува на Гратски плоштад во Скопје, каде папата ќе упати порака за мир. Секако тој ќе дојде со своите високи претставници, кои пристигнуваат директно од Ватикан, кои ќе бидат одвоени, но цело време ќе ја следат манифестицијата. Заедно со Папата доаѓаат и неколку десетици новинари од цел свет.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести