Дали започна подземната внатрепартиската битка во СДСМ за претседателски кандидат ?

Објавил: Узунов Бобан | 17 февруари, 2019 9:50

(Видео) Срдечен пречек за Јохан Тарчуловски од Никола Димитров во Хаг. Дали започна подземната битка во СДСМ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Никола Димитров е најчестата личност која дел од медиумите на албански јазик го анализираат, главно како неподобен кандидат за гласачите Албанци за претстојните претседателски избори. 

За членството на таткото и мајката на Никола Димитров во ВМРО-ДПМНЕ, а и неговата постојана блискост со оваа партија и за време на Никола Груевски, не даваат големи шанси кај гласачите Албанци во однос на определбата на СДСМ и ДУИ за консензуален кадидат според некои албанскиот портал Ина. 

Објавена е и фотографија на Димитров како некаде во Хаг се гушка со Јохан Тарчуловски. За авторот на текстот во Ина, Хузеир Мустафи, неприфатливо за Албанците е и тоа што тој како амбасадор во Хаг имал задача да помага во процесот против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски покренат од Хашкиот трибунал за воени злосторства. 

Авторот на порталот на албански јазик Ина  дури вели дека Димитров како советник на претседателот Борси Трајковски, за време на конфликтот во Македонија во 2001 година бил задолжен за набавка на руско оружје и за носење на искусни инструктори од руската армија за македонските специјалци.

Ина смета дека и Гордана Силјановска и Влатко Ѓорчев, како можни кандидати од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата се сосема неприфатливи за гласачите Албанци во Македонија затоа што и двајцата во изминативе години се истакнале како „борци“ против правата за Албанците – употребата на албанскиот јазик како службен јазик, промената на името, територијалната поделба, високото образование…

На крајот авторот заклучува дека можното неучество на Албанците на гласањето за претседател, доколку навистина не се најде некој консензуален кандидат, може да значи нова институционална криза пред почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Претходно и порталот Алмакос потсети на досегашните државни ангажмани на Никола Димитров, како еден од личностите кои СДСМ би можела да го именува за изборите за шеф на државата. Порталот потсети и на изјавите на Димитров од 2001 година против Охридскиот договор, за неговото застапништво на тужбата пред Меѓународнот суд на правдата во Хаг против Грција… 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.