Премиерката Брнабиќ најави дека Белград во 2022 година ќе се кандидира за Европската гордост (ЕуроПрајд) во 2022 година – меѓународна манифестација на која се собираат стотици илјади гости.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2019 11:30

ВИДЕО: Српската премиерка со својата партнерка прошета на Парадата на гордоста во Белград

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српската премиерка Ана Брнабиќ, на Парадата на гордоста што се одржа во Белград, се појави во друштво на нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ.

Српската премиерка со својата партнерка прошета на парадата на гордоста во Белград

Премиерката Брнабиќ најави дека Белград во 2022 година ќе се кандидира за Европската гордост (ЕуроПрајд) во 2022 година – меѓународна манифестација на која се собираат стотици илјади гости.

-Мислам дека пораката за мир, толеранција повторно се испраќа денес и тоа се вредности што ние во Србија треба да ги зачуваме и да ги промовираме. Мислам дека Србија се движи во вистинската насока. Секако, мислам дека нашето општество станува се потолерантно. Секако дека има многу повеќе проблеми, но важно е секој ден малку по малку да ги решаваме – рече Брнабиќ.

На прашањето дали законот за регистрирано партнерско и за родов идентитет кој го предлага ЛГБТ заедница ќе биде усвоен, српската премиерска рече дека за донесување на било кој закон е потребно мнозинство во парламентот и потсети дека за тој закон говореле и додека таа била министер за државна управа и локална самоуправа.

Вели дека државата со невладините организации работела и нацрт закон за регистрирано партнерство.

„За законот ќе зборувам со своите колеги, а јас сум претставничка на сите граѓани, се залагам за права на сите во Србија“, рече Брнабиќ.

Српските медиуми јавија дека најмалку пет лица за уапсени заради предизвикување на инциденти на Парадата на гордоста која годинава се одржува под мотото „Не се одрекувам“.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.