Пакистан се изживува врз заробениот индиски војник

Објавил: Узунов Бобан | 1 март, 2019 13:28

(Видео) Страшно заробување и претепување на индискиот пилот во Пакистан !

Фото/Текст извор: ©магазин

Се појавија драматични нови детали за фаќањето на индискиот воен пилот Абхинандан Вартаман од страна на пакистанските сили. Мештаните на пакистанското село Хоран, кои први го пронашле, фрлале камења на него по што тој испукал неколку куршуми како предупредување, рекле очевидци за Би-би-си.

Индискиот авион „миг-21 бисон“ беше соборен во воздушен судир меѓу индиски и пакистански авиони до што дошло кога пакистанските авиони извеле воздушен удар на индискиот дел на Кашмир. Тоа било одговор на индискиот воздушен удар на пакистанскиот дел на Кашмир, наводно на терористички камп, што повторно било одмазда за нападот на пакистанскиот бомбаш самоубиец во кој биле убиени 40 индиски полицајци.

На снимката што се појавила на социјалните мрежи се гледа како толпа народ го опкружува пилотот и го удираат додека тој со пушка во раката не успева или не сака да се заштити.

Уривањето на индискиот воен авион од страна на Пакистан, Индија го доживува како голем пораз, пренесе Би-би-си. 

Претходно на социјалните мрежи се појавило и видео во кое заробениот пилот наводно и се обраќа на јавноста, и тоа додека пие чај. 

Тој зборува дека пакистанската војска кон него се однесува добро, и наводно и се заблагодарува што, по падот на територијата на таа земја, го спасила од бесната маса.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести