Таа настапи во првата половина од финалето под реден број 8, а од срце ја пееше нејзината песна која доби многу позитивни коментари  „Proud“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 мај, 2019 22:02

ВИДЕО: Тамара извонредна и во финалето- може ли Македонија да очекува победа?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вечерва нашата претставничка Тамара Тодевска ги остави без здив по втор пат присутните во Те Авив.

Тамара со реден број 8 настапи во финалето на Евровизија

Таа настапи во првата половина од финалето под реден број 8, а од срце ја пееше нејзината песна која доби многу позитивни коментари  „Proud“.

Додека цела Европа се восхитуваше на нејзината изведба, ние стискаме палци и ја бодриме, а најчест коментаро до сега за песната на Тамара е дека вакво нешто до сега и се нема случено на Македонија.

Тамара Тодевска буквално растури на евровизиската сцена. Моќно и женствено со нејзиниот ангелски глас, таа предизвика овации кај публиката, а кај нас предизвика возбуда и надеж за победа.

Македонската претставничка Тамара, уште еднаш покажа дека Македонија е достојна за ваква манифестација доминирајќи на сцената во Тел Авив. Таа ја пееше „Proud“ од срце а ние сме благодарни на неа што не претстави во најдобро светло. 

Инаку по цели шест години, Тамара успеа да ја пласира Македонија во финалната вечер на Евровизија со што ова е прво претставување на нашата земја во завршницата на европското музичко натпреварување  и затоа еуфоријата, но и притисокот се уште поголеми.

– Верувам во нас и сум горда на сите нас. Бројот осум симболизира бесконечност, а тоа значи дека сум бесконечно среќна со целиот мој тим – изјави Тамара од Тел Авив за Женски Магазин.

Инаку ова е 64то издание на изборот за песна на Евровизија, а се одржува во Тел Авив.

Во вечерашното финале настапуваат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници односно 41 земја.

Погледнете го нејзиниот настап:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.