Боки 13 и неговиот татко физички нападнале свештеник ?

Објавил: Узунов Бобан | 20 август, 2019 19:35

(видео) ТВ Алфа во најава за сторија објави видео од физички напад на Боки 13 и неговиот татко врз свештеник !

Фото/Текст извор: ©магазин

Скромно семејство на свештеник на најголем христијански празник е жртва на насилници а како што ќе покаже времето и на моќни фигури од светот на шоу бизнисот, политиката и правосудството.

Алфа истражува зошто 30 месеци Миле Јовановски номинален сопственик на медиумот 1ТВ близок до власта и неговиот син Боки 13 се заштитени и се уште не е казнети за своето насилство.

Во утрешните изданија на информативната програма на Алфа започнуваме со серија прилози за случајот кој ја покажува немоќта на обичниот човек да дојде до правда кога против себе има насилници заштитени од владејачки структури.

Случајот започнал во јануари 2017 и се уште не е затворен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести