Простување за терористичкиот акт

Објавил: Узунов Бобан | 21 март, 2019 12:30

(видео) Терористот во Нов Зеланд ја убил неговата сопруга, а тој сака да ги прегрне него и неговата мајка

Фото/Текст извор: ©магазин

Tерористот Брентон Тарант уби 50 лица во две џамии во Нов Зеланд, меѓу кои била и 44-годишната Хусна Ахмед.

Нејзиниот сопруг, 59-годишниот Фарид вели дека покрај се не чувствува омраза кон убиецот. Хусна успеала неколку жени и деца да одведе на безедбно, а кога се вратила да му помогне на својот сопруг во инвалидска количка, била убиецна со куршум во грб.

Фарид успеал да избега, но подоцна дознал дека неговата сопруга настрадала во масакрот.

На прашењето што мисли за терористот кој ја уби неговата сопруга, Фарид има неочекуван одговор.

-Она што го направи е погрешно, но можеби бил поввреден, можеби нешто му се случило во животот.  Му простив и сигурен сум дека мојата сопруга би го направила истото. Би сакал да можам да го прегрнам но и да ја прегрнам неговата мајка. Многумина ќе реќат дека сум луд, но секој човек има две страни. Ако можам да променам само една личност и да ја свртам од суровост кон дарежливост5, би бил горд – објаснил Фарид.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести