Другата страна на Талат Џафери

Објавил: Узунов Бобан | 22 мај, 2019 9:37

(видео) Урнебесно видео, Талат Џафери ја игра играта “Бззз”

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, покажа дека политичарите освен да разговараат за сериозни теми или политика, знаат да бидат опуштени и да се забавуваат.

Џафери, гостуваше во телевизиско шоу на косовската телевизија 21РТВ и со водителот ја играше играта со раце позната како „Бззз“.

Талат Џафери е роден во село Форини на 15 април 1962 година. Основно училиште завршил во соседното село Чегране, а средното го продолжил во Белград на Воената гимназија. Студирал на Воената Академија на Копнена Војска на ЈНА– Смер Пешадија во Белград и Сараево. Постдипломски студии — специализација за Командни и штабни должности на Воената Акедмија Генерал Михајло Апостолски во Скопје. За време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Џафери бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена потоа дезертирал и преминал во ОНА како „Командат Форина“. Џафери на 27 април 2017 бил избран за претседател на Собранието на Македонија, што било проследено со упад во Собраниската зграда. Од ВМРО-ДПМНЕ го оспориле неговиот избор како нелегитимен бидејќи според партијата, бил прекршен деловникот за работа на Собранието. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести