Јоци против Кежаровски

Објавил: Узунов Бобан | 29 септември, 2019 21:41

(видео) Јоци го разобличи Кежаровски, на фб ја објави снимката од инцидентот со новинарот !

Фото/Текст извор: ©магазин

J’Accuse…!

Во име на вистината и во интерес на јавноста ја објавувам оваа снимка од вчера. Бидејќи, Кежаровски, за да го оправдаат насилството од вчера врз мене, ја втурнаа во прикаската и нивната ќерка, која искрено не знам ни како изгледа на овие години.

На снимката е улицата Мите Богоевски во населба Лисиче. На оваа улица не живеат Кежаровски. Во еден момент, може да видите дека расправијата и не личи баш на расправија.
На крајот, и покрај се’, јас се паркирам и влегувам во куќата на другарка ми.

За сите наводи, јавни закани, изнесени лаги од сите членови на семејството, ќе бидат поднесени пријави во полиција и кривична за закана.
Нека си донесат писмени или други докази за лажните тврдења. А, немаат.
Јас за нив имам.

Немам намера повеќе никого да толерирам кој ја загрозува мојата безбедност, ме вознемирува на јавна површина, навредува јавно, ми препишува дијагнози, напаѓа и очекува да помине неказнето.
Потекнувам од пристојна, ситуирана и едуцирана фамилија, исто и моите пријатели.
И ова е недозволиво !

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.