Пендаровски го посоветува да оди во ДИК и да се жали

Објавил: admin@magazin | 17 април, 2019 8:36

(ВИДЕО) Ќе им одам со пиштол, како може ДИК да брише живи луѓе – револтиран граѓанин на трибина на Пендаровски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вечерашната трибина на Стево Пендаровски во Гостивар, револтиран граѓанин од Гостивар, се закани дека вооружен ќе влезе во Државната изборна комисија поради тоа што според него, од таму го избришале од Избирачкиот список.

Како може ДИК да избрише живи луѓе? Триесет години гласам, ме избришале мене, не можам поддршка да ви дадам. И не само јас има многу гостиварци се избришани. Ве молам да се преземе мерка, се обрати револтираниот граѓанин до кандидатот за Претседател од СДСМ, Пендаровски.

Откако Пендаровски му рече дека треба да отиде во ДИК, граѓанинот се закани дека ќе отиде со пиштол.

-Ќе им појдам со пиштол, рече тој.

https://streamable.com/ggdjp

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика