28 февруари 2022 е последниот ден кога беше на сила владината одлука за замрзнување на цените на основните производи. Најавите дека од следниот ден, 1 март, веќе нема да важат старите цени, вознемирија дел од граѓаните.

Објавил: Мате Парлоф | 8 март, 2022 6:31

(ВИДЕО)360° во шопинг: Поскапени половина од основните производи по одмрзнувањето на цените

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Ги купивме истите (основни) продукти на 28 февруари (последниот ден со замрзнати цени) и во неколку наврати од 1 март наваму (откако влезе во сила одлуката за замрзнати маржи) за да видиме дали има разлики во цените и какви!

Проценката на компаните е дека највисоката маржа во трговијата на мало не треба да биде пониска од 20 проценти, додека маржата во трговијата на големо треба да се постави на 10 проценти, велат од Стопанската комора

28 февруари 2022 е последниот ден кога беше на сила владината одлука за замрзнување на цените на основните производи. Најавите дека од следниот ден, 1 март, веќе нема да важат старите цени, вознемирија дел од граѓаните.

Еве, слушнавме дека лебот од утре ќе биде поскапен. А штом лебот поскапува, да знаете дека сите производи ќе повлечат и ќе се зголеми цената“, коментираат пензионер од Скопје.

Слично размислуваа многу граѓани кои поитаа да направат залихи од храна по стара цена. Но, не сите имаат и залихи на пари.

Страв лозје чува, старите така рекле. Ама ние претеруваме. Што ќе прават со тие лебови? Некни имаше еден две ќеси полни со леб. Што ќе прави со тој леб?“  

Па, што има има, што нема нема. Купуваме месечно, иначе за повеќе месеци слабо. Но, таа е можноста, друга нема“.  

Се одмрзнале, се замрзнале, рафтовите се празни. Зeмаат луѓето што имаат длабок џеб. Јас со 9 200 ден не можам да преживеам, не да правам залихи, коментираат дел од граѓаните.

И „360 степени“ беше во шопинг и тоа во три наврати – и пред да заврши одлуката на владата за замрзнување на цените и потоа, кога се одмрзнаа цените, а владата ги замрзна маржите на одредени производи.

Купувавме производи кои се опфатени со мерките и тоа во различни продавници.

На 28 февруари, последниот ден со замрзнати цени, во првата продавница немаше гужва. Но, не било така и претходните денови.  

-Да, се прават залихи. Рафтовите ни беа празни вчера. Ама мислам дека нема потреба од тоа.
-Што викате, ќе рипнат од утре цените?  
-Не, кај сувомеснатите не, бидејќи маржата им е ограничена од 5 до 10 осто…
вели една од вработените во маркетот.

Во друг маркет, купивме други артикли од листата на основни производи. 

И тука, непосредно пред одрмзнување на цените, имало бран купувачи.

-Денес гужви насегде, пред одмрзнување на цените а?
-Да. Досега бевме во гужви.
-Купуваат луѓето вака, залихи си прават?
-Па, брашно купуваат, зејтин.
-Ќе поскапи многу?
– Не знам.
– Немате некои најави вака?
– Не
. вели вработена во маркетот.

Следниот ден, 1 март, повторно се вративме во истите продавници. Мерката за замрзнати цени веќе не беше на сила. Наместо тоа почна да важи ограничувањето за трговските маржи – до 5 отсто на продажната цена за трговија на големо, а до 10 проценти за трговија на мало.

Од седум продукти што претходно ги купивме по замрзнати цени во првиот маркет, четири беа поскапени.

Лебот што го купивме за 33 денари, сега беше 37. Млекото беше поскапено за пет денари, лимоните за два денара, а најголем скок на цената имаше кај маслото, кое беше поскапено за 10 денари.

Со непроменета цена беа брашното и бананите, а единствено со намалена цена беше шунката која се продаваше за 16 денари поевтино.

Слични беа разликите во цените и во другиот маркет. Таму, од четири производи што ги купивме претходно, по одмрзнување на цените поскапени беа два продукти.

Лебот од 32 денари беше покачен на 36, а поскапено беше и сирењето, кое се продаваше за седум денари повеќе од претходно.

Цената на шеќерот беше иста, а намалување повторно имаше само кај шунката, која се продаваше за четири денари поевтино.

Забележавме и дека промените на цените се разликуваат во зависност од маркетот, но и производителот.

Покачени се цените. Како за пензионер што зема 10 000 е многу малку. Само за лекови не ни стасуваат.   

Нормално, со 10 000, 12 000 инвалидска пензија, кој не се плаши? Лебот не изгоре, за нас сиромасите лебот е основна храна, велат граѓаните.

На крајот од неделата повторно посетивме неколку маркети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести