Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јули, 2020 11:31

Виз Ер ги суспендираше летовите помеѓу Италија и Република Македонија

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави дека како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до Република Македонија, ги суспендира сите летови помеѓу Италија и нашата држава до 31 јули.

На својата единаесетта годишнина во мај 2015, WIZZ најави целосно освежување на брендот и нов изглед на авионите со цел да одговори на барањата на искусните патници, истовремено заземајќи го своето место меѓу водечките авиокомпании во Европа. WIZZ се префрли на пожив, свеж, софистициран изглед и чувство. Некои од многубројните иницијативи воведени заедно со иницијативата за брендирање се: доделување седишта, приоритетно влегување во авионот, подобрен систем на цени на превоз итн. Според Air Transport World, водечко списание за авионската индустријата, Wizz Air е „Авиокомпанија од вредност на годината“ за 2016 година.

-Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението од Виз Ер. (MИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести