Најново метео

Објавил: admin@magazin | 5 ноември, 2022 10:11

ВИКЕНДОВ МЕДИТЕРАНСКИ ЦИКЛОН НИ НОСИ ДОЖД, ВЕТЕР И ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Викендов под влијание на циклонска активност од Медитеранот во Македонија ќе имаме облачно, врнеживо и ветровито време со засилен, повремено и локално СИЛЕН ветер од југоисточен правец (повремено со брзина до околу 70 км/час). Локално врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и ПОРОЈНИ (околу 40 л/м2).

Температурите особено во недела ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, и тоа дури за околу 10 степени во споредба со сегашните и максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Поради падот на температурите на воздухот на највисоките планински врвови во Македонија има помали услови за провејување на снег.

Во Скопје и околината викендов исто така ќе имаме облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намали и тоа особено во недела кога максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Од понеделник времето ќе ќе стабилизира, но во утринските часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла која локално би можела да биде и ГУСТА.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...