Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево, доцна попладне и навечер со мала до умерена облачност.

Објавил: admin@magazin | 22 март, 2020 9:13

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Зимата се враќа – Следуваат нови врнежи од дожд и снег

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во недела, особено во попладневните и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе започне да дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде засилен.

Сето ова ќе биде најава за продор на значително постуден воздух од север и од североисток, така од понеделник температурите на воздухот ќе опаднат за околу 10 степени, понекаде и за повеќе.

Од понеделник на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде се очекува формирање на снежна покривка. Услови за повремени врнежи од снег понекаде ќе има и на пониските места. Ќе продолжи да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Особено во понеделник. Во понеделник максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...