Локално, процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јули, 2020 9:02

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Нестабилно со почеста појава на врнежи и грмежи – можно НЕВРЕМЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За време на овој викенд, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса, која особено во попладневните и во вечерните часови ќе условува нестабилно време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пад и денес ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, утре ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.

Во Скопје и околината викендов ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималната дневна температура во Скопје ќе се искачи до околу 33 степени денес, и до околу 30 степени утре. Доста нестабилно време со честа појава на врнежи и грмежи ќе се задржи и на почетокот од следната недела.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...