Само во планинските места не се исклучува можноста за ретка појава на слаб локален дожд!

Објавил: Владо Марин | 17 октомври, 2020 8:08

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Умерен ветер, од понеделник пад на температурите!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За време на овој викенд, за разлика од изминатите денови кога имавме доста нестабилно време со чести врнежи, атмосферата ќе биде значително постабилна. Односно не очекува сончево време со умерена локална облачност.

Само во планинските места не се исклучува можноста за ретка појава на слаб локален дожд.

Денес ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец и истиот локално повремено ќе засилува, додека во текот на утрешниот ден, особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Денес максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека во текот на утрешниот ден истите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, што значи ќе бидат пониски.

Значително пониски минимални температури ќе имаме од понеделник, но детална анализа околу тоа дали се очекува појава на мраз, или пак на слана следуваат понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...