Во Скопје и околината во текот на претпладнево ќе има повеќе сончеви периоди, додека попладне ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дож и услови за ретки грмежи.

Објавил: Владо Марин | 30 мај, 2020 9:12

ВИКЕНД МЕТЕО: Нестабилно време со врнежи од дожд низ целата земја!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес во текот на претпладнево ќе има повеќе сончеви периоди. Од пладневните часови пак ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, истиот особено на запад повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Во Скопје и околината во текот на претпладнево ќе има повеќе сончеви периоди, додека попладне ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дож и услови за ретки грмежи. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 20 степени.

Потоа и во следните неколку денови времето ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка на град. Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат под просекот, истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...