Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 34 степени, и до околу 32 во текот на утрешниот ден.

Објавил: Владо Марин | 25 јули, 2020 8:35

Викенд прогноза: Топло време со температури до 36 степени

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За време на овој викенд во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

Во Скопје и околината, исто така во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
 
Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 34 степени, и до околу 32 во текот на утрешниот ден.

Потоа во текот на следната недела ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време. Во понеделник ќе има мала до умерена локална облачност додека во планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе продолжи да биде многу топло, особено топло ќе биде на средината од следната недела кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...