Серена ќе го одигра своето 31-во финале во Гренд слем турнир

Објавил: admin@magazin | 7 септември, 2018 12:30

Вилијамс против Осака во финалето на Ју Ес Опен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американската тенисерка, Серена Вилијамс се пласира во деветтото финале на Ју Ес Опен по успехот со 6:3, 6:0 над Анастасија Севастова.

Соперничка на Американката, која има освоено 23 Гренд слем титули, ќе биде Јапонката Наоми Осака, која ја победи Американката Медисон Кис со 6:2, 6:4 во другото полуфинале и ја постигна првата победа над оваа соперничка од која имаше три порази до овој момент.

При евентуален успех во спорот за трофејот, Серена ќе се израмни по освоени титули од „големата четворка“ со Маргарет Кортни.

Серена е шесткратна победничка во Њујорк, а за последен играше во финалето во 2014 година.

Американката по пласманот во финалето на УС опен истакна дека веќе се чувствувам како победник.

Таа го пропушти минатогодишниот Гренд слем во Њујорк поради раѓањето на ќерката Олимпија, а по пласманот во финалето изрази благодарност и рече дека веќе се чувствува како победник, без разлика на исходот.

– Тоа е навистина неверојатно. Пред една година буквално се борев за мојот живот во болницата по моето раѓање. Секој ден излегувам на теренот и сум толку благодарна што можам да го играм овој спорт. Без разлика што ќе се случи во финалето, јас веќе се чувствувам како победник, рече Серена Вилијамс по мечот.

Американката ќе го одигра своето 31-во финале во Гренд слем турнир.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис