– Компјутерскиот форензичар ме увери во веродостојноста, односно неговата анализа – рече Русковска.

Објавил: admin@magazin | 29 октомври, 2019 23:05

Вилма Русковска потврди дека има фотографија на Јанева со 50.000 евра во кеш!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефицата на организираниот криминал Вилма Русковска во вечерашното гостување во 24 отворено потврди дека никој официјално досега не понудил спогодба за случајот „Рекет“и дека не ја исклучува можноста лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да биде повикан на распит за случајот „Рекет“. 

Во вечерашното интервју Рускоска изјави дека не очекува одовлекување на случајот и смета дека нема многу обвинети во случајот.

Доказниот материјал е обемен и не очекува дека во наредните три дена ќе биде оценет обвинителниот акт од кога бил поднесен.

Обвинителката Вилма Русковска потврди дека постои фотографија со Катица Јанева и 50.000 евра во кеш.

На прашањето како 50.000 евра фотографирани пред Катица Јанева ги поврзала со парите од сведокот Орце Камчев, одговори дека тоа го направила според анализата на компјутерскиот форензичар.

– Компјутерскиот форензичар ме увери во веродостојноста, односно неговата анализа – рече Русковска.

Во врска со тоа дали клучните искази против Јанева се од нејзината колешка Лиле Стефановска и обвинетиот Кичеец, Русковска рече:

„Тие не дале исказ на главна расправа, не можам да зборувам за искази на главна расправа, судиите треба да ги слушнат тие искази во судница“ – рече Русковска.

Русковска рече дека не ја исклучува можноста лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да биде повикан на распит за случајот „Рекет“. Изјави дека пред Мицкоски да покажува документи за кои тврди дека се од истрагата „Рекет“, таа му се јавила на телефон.

Пред да мавта со тие работи, го побарав на телефон затоа што имаше изјавено дека никој не го викнал во Основното јавно обвинителство, а тој знаел и за други случаи. Го прашав за кои случаи има сознанија, рече дека тој тоа не го кажал. Го прашав дали има сознанија за други луѓе од кои биле барани пари, рече ќе размисли. Бев презафатена со други работи. Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне, но не ја исклучувам можноста да биде повикан, рече Русковска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...