Како што објави порталот, Рускоска е дел од тимот кој треба да биде освежување во СДСМ поради катастрофалните бројки на анкетите во последниот период, поради што ќе се воведат неколку нови потпретседатели, а старите кои ќе останат на своите позиции ќе ги променат своите фризури, парфеми и модни додатоци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2019 19:26

Вилма Рускоска ќе биде нов потпретседател на СДСМ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од извори блиски до владата порталот Република.мк дознава дека еден од новите потпретседатели на СДСМ ќе биде обвинителката Вилма Рускоска.

Како што објави порталот, Рускоска е дел од тимот кој треба да биде освежување во СДСМ поради катастрофалните бројки на анкетите во последниот период, поради што ќе се воведат неколку нови потпретседатели, а старите кои ќе останат на своите позиции ќе ги променат своите фризури, парфеми и модни додатоци.

„Идејата е да се претстави едно ново лице на СДСМ со цел граѓаните да стекнат повторно доверба во нас, па затоа ќе има неколку нови потпретседатели, а еден од нив ќе биде Вилма Рускоска која последните денови е исклучително популарна, а дополнително беше во шарена револуција и со Заев делуваат како да се разбираат со поглед“, велат нашите извори од владеачката партија.

Според истите, било планирано Катица Јанева да биде потпретседател, но поради непланирани обврски истата била изземена како опција и фокусот бил насочен кон Г-ѓа Рускоска.

Извор Република.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.