Од партијата се борат за своите права, односно за говорење на македонскиот јазик во Грција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2019 11:26

Виножито со силна порака до Македонците: Зборувајте го нашиот македонски јазик, не плашете се! (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Партијата Виножито која е партија на Македонците во Егејска Македонија, упати силна порака до нашиот Македонски народ.

Од партијата се борат за своите права, односно за говорење на македонскиот јазик во Грција.

Ако не кренеш глава Виножито не гледаш. На Евроизборите на 26 ти мај, гласаме ЕСА Виножито. За една поинаква Грција, во една поинаква Европа.Мили Македонци, зборувајте им го нашиот македонски јазик на вашите деца. Кажете им дека се Македонци, не плашете се. Поддржувајте го македонското движење во Грција, стои во дел од пораката на Виножито.

На 8 ми септември 1995, членови на македонската политичка партија во Грција – “Виножито” отворија канцеларија во градот Флорина (Лерин). На 19-ти јануари 1997, се одржа Втората Конференција на “Виножито”. На неа учествуваа 76 делегати од сите локални организации. На тој датум е усвоен Политичкиот Манифест и Организационите Принципи, во прилог на избирање на Централен Совет составен од 19 членови.

Инаку Виножито е членка на Европската слободна алијанса (ЕФА – алијанса на партиите на малцинствата во Европа), и овој месец на 26 ти ќе учествува на евроизборите во Грција.

Инаку до сега Виножито успеа да ги помине сите бариери до Врховниoт суд на Грција и прерасна во 40та партија која ги исполни условите за европските избори. За настапот на евроизборите Виножито подготви и видео спот, а пораката гласи: „Ако не кренеш глава не гледаш, Виножито не гледаш. На евроизборите на 26 мај гласаме за ЕСА Виножито. За една поинаква Грција, во една поинаква Европа. Мили Македонци, зборувајте им го нашиот македонски јазик на вашите деца. Кажете им дека се Македонци, не плашете се. Поддржувајте го македонското движење во Грција. Поддржувајте го Виножито“, гласи пораката од спотот.

Седиштето на партијата е во градот Лерин. Виножито е членка на Европската слободна алијанса.

Партијата и нејзините активисти постојано се осудувани,нивните партиски канцеларии се опожарувани и ограбувани. Тие се под постојан напад и притисок од страна на грчките медиуми но не се предаваат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.