На гостите им биле понудени два вида англиски пенливи вина, како и црвено вино „Шато Лафит-Ротшилд“ од 1990 година, чие шише достигнува цена и до 1.395 фунти (1.600 евра).

Објавил: admin@magazin | 4 јуни, 2019 10:58

Виното од 1.600 евра Трамп не го ни намириса: Еве што јадеше Доналд во Бакингемската палата!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На банкетот кој го приреди Кралицата Елизабета Втора, во чест на Американскиот претседател Доналд Трамп, гостите имале можност да ја слушаат музиката на Хендл, но и британскиот поп-пејач Ед Ширан и гајди.

Луксузниот банкет кој британската кралица Елизабета Втора минатата ноќ го приреди во Бакингемската палата во чест на првата државничка посета на претседателот на Америка Доналд Трамп, го обележаа нивните гости и здравиците, но посебно го привлече и менито кое беше послужено за повеќе од 170 гости, и виното кое чини околу 1.600 евра по шише.

Како што наведува Би-би-си, на раскошно украсената маса, во чиниите, се нашле филети од иверка подготвени на пареа, младо виндзорско јагнешко месо, а за десерт бил послужен сув растресит колач од јагоди со крем од лимон вербена, за потоа да следуваат свежо овошје, кафе и ситни колачи.

На гостите кои присуствуваа на вечерата, им биле понудени два вида англиски луксузни вина, црвено вино „Шато Лафит-Ротшилд“ од 1990 година, чие шише достигнува цена и до 1.395 фунти (1.600 евра).

Како што пишува Би-би-си, американскиот претседател не пробал ниту едно од овие вина, бидејќи воопшто не пие алкохол.

Претседателот Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија ќе бидат во три дневна посета во Обединетото Кралство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.