Во A1 Learning Hub тимот сум од самиот почеток кога го основавме, од октомври 2010 година. На почетокот беше класичен интерен корпорациски универзитет, денес, како што доаѓаат промените во нашиот бизнис, така и нашиот A1 Learning Hub се приспособува кон тие промени

Објавил: Македонка Димкин | 29 јуни, 2018 18:08

Виолета Шилер, експерт за развој во А1 Телеком Австрија

Фото/Текст извор: ©факултети.мк

Во A1 Learning Hub тимот сум од самиот почеток кога го основавме, од октомври 2010 година. На почетокот беше класичен интерен корпорациски универзитет, денес, како што доаѓаат промените во нашиот бизнис, така и нашиот A1 Learning Hub се приспособува кон тие промени

Желбата за постојан напредок во кариерата, но и отвореноста да се научи нешто ново, пред осум години ја однела Виолета Шилер во Виена. Преселба во нова земја, кај нови колеги и нов јазик… Доживеала огромен скок во професионалниот развој и вели дека е една од најпозитивните промени во нејзиниот живот.
Шилер работи како експерт за обука и развој во тимот на A1 Learning Hub (дел од групацискиот оддел за човечки ресурси). Нивна мисија е да градат култура на константно учење, секој да е одговорен за себе и да има индивидуален пристап за сопствениот професионален развој.
Дипломирала на Правниот факултет при УКИМ, а моментално работи на магистерската теза на Филозофскиот факултет во Скопје на Менаџмент на човечки ресурси. Освен формалното образование, посетувала многу тренинзи, конференции, работилници за кои вели дека ѝ помогнале да се стекне со експертско знаење.
– Најефективно се здобив со знаење и експертиза преку мојата работа и искуство сиве овие години – вели таа.

Претходно сте работеле во Вип во Скопје. Какво искуство стекнавте тука, дали работевте на истата позиција?

– Во Вип работев од самиот почеток кога компанијата се основаше, во јуни 2007 година. Во тоа време работев во една државна фирма во одделот на човечки ресурси како правник. Имав многу стабилна работа, со одредено работно време, конзервативен пристап кон промени…Тоа траеше речиси една година кога сфатив дека дефинитивно не е работа од сништата за мене! Аплицирав на еден генерален конкурс објавен во дневниот печат (кога Вип ја доби дозволата за отворање нов мобилен оператор кај нас почна да објавува генерални конкурси од типот: нова мобилна компанија бара млади, желни да се развиваат, амбициозни луѓе за тие и тие позиции…). Дефинитивно овој предизвик да аплицирам беше во спротивност од она што веќе го имав – сигурност и стабилност. Иако бев дипломиран правник, со работно искуство во државна администрација во одделот со односи со младинскиот невладин сектор во Р. Македонија и подоцна како правник во државна фирма, прифатив позиција која значеше почеток во секоја смисла – асистент во маркетинг-секторот.
Научив многу во врска со корпорацијата, телекомуникацијата како индустриска гранка, бизнис-климата во Македонија, процеси во работењето, градење бренд, мониторинг и маркетинг-анализи и истите како да се користат при донесување важни одлуки, комуникација меѓу вработените, менаџирање со помали проекти, асистирање на повеќе менаџери истовремено и еден куп друга оперативна работа… Најзначајно од сѐ беше искуството во стартап-фазата. Работевме и учевме, без претходно етаблирани процеси и концепти. Сличен модус во кој се наоѓа нашата компанија денес, тестирајќи области надвор од она што го подразбираме под телекомуникација.

Сте почнале во Скопје, па сте продолжиле во Виена, што веројатно е логичен тек на настаните кога работите во компанија која нуди интернационална кариера. Како го доживеавте ова професионално унапредување?

– Откако цврсто решив дека одам понатаму да се развивам и да продолжам со образованието, но истовремено да го искористам во она што го работам и каде што работам, почнав да го „ставам тоа на маса“ кога имав дијалог со претпоставениот, при формалниот годишен разговор, но секако и во неформална форма. Се интересирав кои ми се можностите, дали ќе ме поддржат колегите, какви ми се шансите. Тогашниот претпоставен ме посоветува дека е најважно да давам знаци, да аплицирам на отворени позиции, да се интересирам кои вештини и знаења се потребни да ја добијам работа што ја посакувам и дека тоа некој понатаму ќе го земе предвид. Така и се случи. Беше голем предизвик, особено што немав искуство во областа за обука и развој кај вработените во корпорациска смисла и беше еден огромен скок во мојот професионален развој. Секако, и голема промена во целост: преселба, нова земја, нов јазик, нови колеги… Бев спремна, отворена и прифаќав да учам нови работи! Промената беше позитивна во секој случај.

Каков е животот таму, што Ве одушевува кај Австријците, што Ви недостига од Македонија?

– Различно, но сепак блиско! Не за џабе велат „Виена е најсеверниот балкански град“. Ме воодушевува морбидната смисла за хумор кај нив и константната потреба да се жалат за нешто. Од друга страна, стекнав пријатели и колеги кои се многу чесни и искрени и се чувствувам прифатено како приватно така и на работа. Некои од нив се моја фамилија овде. Од Македонија ми недостигаат најблиските и пријателите. И Водно!

Вашите професионални предизвици во иднина…

– Не планирам наскоро да ја менувам професијата и ќе останам во одделот на човечки ресурси, развој и обука, но дефинитивно сакам да учам и да применувам нови методологии, алатки, да учам за новите бизнис-можности во нашата бранша бидејќи само така ќе можам да придонесам во дизајнот на нови програми во A1 Learning Hub.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Иновации

Во Охрид ќе се одржи конференција по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“.

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во Охрид

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција...

Се надеваме дека овој саморегулаторен инструмент ќе ги мотивира онлајн медиумите да ги опфатат вредностите на професионалното и одговорното новинарство во својата работа“, рече Тунева.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Советот за етика во медиумите ги објавија првите Насоки за етичко известување на онлајн медиумите во Македонија

Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ...

Автоматизираниот комплекс лоциран на земја сега спроведува до две илјади контролни сесии секој ден.

Русија развива систем за управување на илјадници сателити: Виртуелен супер компјутер ќе ја контролира и сервисира целата мрежа!

Холдингот „Руски вселенски системи“ објави дека во моментов работи на создавање...