Трудовите се презентирани и изложени и во просториите на Скопската жива градска лабораторија (SkULL) во Старата скопска чаршија.

Објавил: admin@magazin | 8 ноември, 2020 16:47

ВИРТУЕЛНА ИЗЛОЖБА: НОВИ СУВЕНИРИ ЗА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На изложбата се презентирани резултатите од Конкурсот за откуп на идејно-обликовни решенија за изработка на прототип на сувенири за Старата скопска чаршија, како дел од иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“, која се спроведува во рамките на ROCK проектот што е дел од програмата Horizon 2020 и се реализира со финансиска поддршка од Европската унија.

Понудените решенија ги истакнуваат вредностите на културното наследство, старите занаети и претставуваат одраз на традицијата и културните, историските, материјалните и духовните вредности на Старата скопска чаршија како заштитена културна целина од особено значење со богато културно-историско наследство. Иницијативата треба да овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал со цел тој да даде свој директен придонес во креирањето на модерни и во духот на времето сувенири.

Трудовите се презентирани и изложени и во просториите на Скопската жива градска лабораторија (SkULL) во Старата скопска чаршија.

👉 Виртуелната изложбата за нови сувенири е достапна на овој линк:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.