Поради ваквата состојба расте опасноста од зголемување на нивоата на реките, како и на нивно излевање кое може да услови и поплавувања. Се препорачува крајна претпазливост до граѓаните

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 јуни, 2020 19:00

ВИСТИНСКИ ЦИКЛОН ЌЕ ГО ЗАФАТИ БАЛКАНОТ: НА УДАР НА ПОПЛАВУВАЊА БОСНА И СРБИЈА

Фото/Текст извор: ©Meteo alarm

Висински циклонски систем во текот на следните денови ќе го зафати поголемиот дел од Балканскиот Полуостров.

Сепак најпогодени ќе бидат Босна и Србија каде се очекува најголемо количество на воден талог за релативно кратко време и тоа особено во текот на ноќта недела кон понеделник, како и во понеделник, додека во западните и јужните предели на Србија доста интензивни врнежи се очекуваат во вторник.

Локално количеството на воден талог, особено во централните предели на Босна се очекува да надмине 100 л/м2.

Поради ваквата состојба расте опасноста од зголемување на нивоата на реките, како и на нивно излевање кое може да услови и поплавувања. Се препорачува крајна претпазливост до граѓаните.

Локално овие врнежи ќе бидат проследени и со појава на грмежи како резултат на нестабилност. На Јадранот ќе започне да дува силна Бура, додека додека во останатите предели засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...