Извори на „Фокс њуз“ разговарале за овие планови по контроверзните здравствени извештаи на водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун. Тие исто така повикуваат на претпазливост со овие извештаи, според кои Ким се соочува со опасност по живот, по кардиоваскуларна постапка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 април, 2020 19:28

ВИСОК АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСТАВНИК ОТКРИВА: Имаме план ако умре Ким, секако дека ќе се вмешаме!

Фото/Текст извор: ©информер.рс

Владата на САД има широк план за вонредни состојби во случај на смрт на лидерот на Северна Кореја, очекувајќи масовна хуманитарна криза во земјата.

Извори на „Фокс њуз“ разговарале за овие планови по контроверзните здравствени извештаи на водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун. Тие исто така повикуваат на претпазливост со овие извештаи, според кои Ким се соочува со опасност по живот, по кардиоваскуларна постапка.

Иако сè уште не е познато која е правата вистина за неговото здравје, американската влада веќе направи големи планови во случај Ким да го нема, изјави изворот на Фокс Њуз, за кој се вели дека е високорангиран разузнавач.

Северна Кореја строго ја контролира информацијата, особено онаа на Ким Јонг Ун, кого го третира како скоро божество, според Си-Ен-Ен, а според аналитичарите, тешко е да се процени дали оваа информација за неговото здравје е вистинита.

Изворот изјавил дека е голема голема хуманитарна криза во Северна Кореја, во која милиони луѓе би се соочиле со гладување и масовен егзодус во Кина.

Разузнавачот наводно изјавил дека големиот дел од планот е да се потпира на Кина да зачекори и да помогне во контролата на ситуацијата на севернокорејското тло. Делумно заради близината на Кина, а делумно и заради логистичкиот предизвик што САД ќе го има во давањето хуманитарна помош.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му посака добро здравје на водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Тој ова го рече на прес-конференција на новинарите, на прашањето што мисли за наводното лошо здравје и операција на Ким, објави Фокс њуз.

Овие извештаи се појавија, но не знаеме за сигурно. Имам многу добар однос со него. Само можам да кажам дека сакам тој да се излекува, затоа што ако тој е во состојба, каква што велат медиумите, тоа е многу сериозна состојба. Исто така му посакувам добро здравје “, рече Трамп.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.