Горан Белевски преку социјалната мрежа Фејсбук се дистанцираше од СДСМ

Објавил: admin@magazin | 1 септември, 2018 15:46

Висок функционер на СДСМ: Нема да агитирам за референдумот, се дистанцирам од партијата!

Фото/Текст извор: ©фејсбук

Поранешниот советник во Општина Кавадарци и висок функционер на СДСМ, Горан Белевски, на социјалната мрежа фејсбук се дистанцираше од партијата и истакна дека нема да агитира за гласање „За“ на претстојниот референдум.

Каде тера СДСМ Кавадарци? Искрено да Ви кажам, може звучи малку смешно, но од СДСМ Кавадарци до пред 2 дена добивав повици само кога има некој смртен случај (да му оддаадиме почит на некој наш член), а овие денови добивам по 5-6 повици дневно да сум одел да ги убедувам луѓето да гласаат “за” референдумот. Види богати! Е сега јавно ќе Ви кажам, како што СДСМ се дистанцира од мене и јас сега се дистанцирам од СДСМ. Се откажувам од СДСМ (и од некои си ситни партиски и јавни функции) се’ додека не дојдат некои подобри времиња. И не може да имате успех на било какво гласање се’ додека партијата сте ја сведиле на 2-3 луѓе, не може да имате успех кога Горан (Горска) од Конопиште ви е партиски лидер, не може да имате успех кога најголемо решение во Скопје ви е Зоран Ѓорѓиев (првиот шумар) кој е тотално неспособен, не може да имате успех кога Галис ви е “координатор” на советничка група (од 10 советници советничката група ја сведе на 3-4), не може да имате успех кога поддршка за претседател на Советот му давате на Ристо Сакалиев кој во време на ВМРО ги спич’ка пола милион евра и за тоа е поднесена кривична пријава , не може да имате успех кога нас поранешните советници не елиминиравте, а ги донесовте тие што беа против нас, не може да имате успех кога една личност е и советник, член на УО и не знам што уште не, а членство ви преживува… Не може така “социјалдемократи”! – вели Белевски.

Инаку, Белевски важи за еден од поистакнатите членови на СДСМ од Кавадарци, своевремено тој ја возобнови младинската организација на партијата, по што членуваше и во извршниот комитет, беше советник во Општина Кавадарци и неколкукратен делегат на конгресите на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...