Челзи купи голман за 80 милиони евра

Објавил: admin@magazin | 9 август, 2018 10:30

Вистинска трансфер бомба се случи во Англија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Кој вели дека во еден ден не може да се заврши голем трансфер? Вистинска трансфер бомба. Изгледа дека секако може, доколку раката ја ставите подлабоко во џеб.

Кепа Аризабалага ќе стане нов голман на Челзи. Како што пишуваат медиумите тој треба да пристигне на лекарски прегледи во Лондон, откако клубот ја активирал неговата клаузула од неговиот договор и така го ослободил од секоја обврска кон Атлетик Билбао. Двајца адвокати од Лондон пристигнале во седиштето шпанската фудбалска федерација и ја поднеле целата потреба документација за трансферот, како и гаранциите дека на клубот од Баскија ќе им бидат исплатени 80 милиони евра.

Се работи за најскапиот трансфер во историјата кога во прашање се голманите. Да потсетиме, пред 20 дена Алисон го спушти од тронот голманот на Манчестер Сити, Едерсон, откако Ливерпул на Рома за него и плати 75 милиони евра, но Челзи се погрижи тој на тронот да биде само 20 дена, откако за Кепа плати 5 милиони повеќе.

Овој трансфер не беше очекуван. Предизвикан е од заминувањето на Тибо Куртоа, кој оди во Реал Мадрид, каде треба да пристигне утре на лекарски прегледи и да потпише договор со клубот, а Кепа не беше единствена опција за тимот на Маурицио Сари. Во текот на вчерашниот кога стана јасно дека Белгиецот заминува, во врска со Челзи беа доведени Јан Облак, Џордан Пикфорд и Џек Батленд. Можеше клубот од Лондон да помине поевтино, доколку ја избереше опцијата Батленд, чиј клуб,Стоук, испадна од Премиер лигата, но клубот се одлучи за скапоцен поклон за Сари, кој не потроши премногу ова лето. Покрај тоа, клубот доби чувар на мрежата за подолг период, затоа што Кепа има само 23 години.

Кепа минатата зима беше на чекор до Реал Мадрид. Работата практично беше договорена, младиот голман беше на лекарски прегледи, но Зинедин Зидан во последен миг го стопираше трансферот.

За крај податокот дека ова е најскапо купување во историјата на Челзи, односно најскапо продавање во историјата на Атлетик Билбао. Значи со овој трансфер срушени се три рекорди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...