Откако за „Бекстејџ“ веста ја потврди близок член од семејството на Стоилов и истакна дека сите се радуваат за приновата, „Еспресо“ објави фотографија од избраничката на Столе, младата уметница Деница Огненоска.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 февруари, 2020 11:20

ВИСТИНСКА УБАВИЦА: Ова е убавата црнокоса што ќе му роди дете на Стоилов(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Деновиве македонскиот ракометар Столе Стоилов се најде во центарот на вниманието поради веста дека ќе стане татко.

Откако за „Бекстејџ“ веста ја потврди член од семејството на Стоилов и изјави дека сите се многу радосни за приновата, „Еспресо“ објави фотографија од убавата девојка на Столе, младата уметница Деница Огненоска.

Според пишувањата на медиумите парот бил во врска само неколку месеци, а веќе на големо се планира и свадбата.

Македонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов кој беше познат по цврстиот став за не промена на името на нашата држава по политичките случувања во Парламентот и донесената одлука за Уставни измени со кои беше овозможено преименувањето во „Северна” Македонија, минатата година жестоко реагираше на социјалните мрежи.

„Ментално нестабилни сме сите во државава што дозволуваме вака да ни прават! Срам да ни е на сите! За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА“ – напиша Стоилов.

Стојанче Стоилов е македонски ракометар  кој настапува за РК Вардар и за Македонската ракометна репрезентација.

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, којшто „Вардар“ го одиграл против полскиот „Кјелце“ во Скопје, на 11 април 2015 година, Стојанче Стоилов бил избран за дел од најдобриот тим на колото,а нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, бил прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.