Но, вистинскиот хаос на социјалните мрежи се појави кога луѓето сфатија за која песна станува збор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јуни, 2020 21:42

ВИСТИНСКИ ШОК ВО АМЕРИКА: ДОДЕКА ТРААТ ПРОТЕСТИТЕ, ОД ПОЛИЦИСКИТЕ МОТОРОЛИ ЕЧИ ПЕСНА ЗА РАДОВАН КАРАЏИЌ!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Дека непознати лица го прекинаа радио сигналот на полицијата во Чикаго со српски песни во текот на викендот, каде што во моментот се водат најжестоки протести поради смртта на Џорџ Флојд, е стара добро позната вест.

Но, вистинскиот хаос на социјалните мрежи се појави кога луѓето сфатија за која песна станува збор.

Инаку немирите во Америка, поточно во Минеаполис не се смируваат со денови а целиот хаос настана поради убиството на Џорџ Флојд во тој град. Претходно беше објавено шокантно видео на кое се гледа како бел полицаец го притиска со коленото на вратот повеќе од осум минути, додека Флојд велеше „Не можам да дишам“.

Имено, во еден момент, на полицискиот мотоцикл се слушна песната „Од Бихаќ до Петровац Село“, во која меѓу другото се споменува името на Радован Караџиќ.

За да биде се уште поинтересно, полицијата ги препозна звуците и изјави дека најверојатно станува збор за српска песна.

Воедно станува збор за видео старо неколку дена, а непознати лица ги пуштиле српските популисти на радиофреквенцијата на полицијата во Чикаго, во обид да ги спречат во расипување на протестите што траат веќе неколку дена низ цела територија на  Соединетите држави заради убиството на Афроамериканецот Флојд.

Како што објави еден од твитерџиите од Чикаго, кој го следи полициското радио, во последните денови имало чести обиди за нарушување на полициската фреквенција, а овој пат се слушала музика, која ја препознале како српска.

Слушајќи го записот, јасно е дека станува збор за србин. Ова не е единствено мешање, може да се слушнат и други пораки и нумери на фреквенцијата.

Во Америка веќе неколку дена се одржуваат големи протести во неколку градови.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.