Веднаш по гасењето на пожарот во кои беа ангажијани петстотини пожарникари, од кои еден тешко повреден, крстот стоеше исправен и воопшто не бил зафатен од пожарот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 април, 2019 11:11

Вистинско чудо во Нотр Дам – страшниот пожар кој беснееше не успеал да уништи само едно нешто

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пожарот во катедралата Нотр Дам, кој беснееше со часови и кој со тага го следеше целиот свет, сепак оставил нешто недопрено. 

Веднаш по гасењето на пожарот во кои беа ангажијани петстотини пожарникари, од кои еден тешко повреден, крстот стоеше исправен и воопшто не бил зафатен од пожарот.

Во внaтрешноста на катедралата,веднаш по пожарот, крстот стоеше исправен.

Пожарот во катедралата Нотр Дам беше ставен под контрола дури во 3 часот по полноќ, а по осумчасовната огнена стихија, како што соопшти противпожарна служба на Париз, еден од пожарникарите се здобил и со тешки повреди.

Пожарот брзо се распламти, а успеа да ги проголта главната кула, која потоа се урна, а набрзо и целиот покрив по неа. 

Но освен крстот, огнената стихија ја преживеале и познатите витражи од Нотр Дам и покрај првичната информација дека се уништени.

Стаклените прозори стари 800 и 900 години останале недопрени во пожарот кој беснееше во поголемиот дел од познатата црква.

Стаклените прозорци останале недпрени и неуништени од пожарот кој беснееше завчера во Нотр Дам

-На основа на тоа што го видов витражите не се оштетени, прозорите се од 12 и 13 век и понатаму се таму – рекол портпаролот на катедралата Андре Фино, oва е чудо, сега ни е малку полесно – dodal Fino.

Покрај тоа неуштетени останале и оргулите.

Богородичната црква (Notre Dame de Paris) е готска катедрала на источната половина на островот Ил де ла Сите на реката Сена, со главен влез од западната страна. Ова е катедрала на Париз и седиште на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓa“ (Богородица или Дева Марија).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.